Фалафел кофтиња со Црвен хумус
Леблебијата се откиснува преку ноќ, може и подолго (24 часа), се измива со многу ладна вода неколку пати. Од набабрената леблебија во блендер се прави пире маса, во истата се додаваат сите останати состојки и се замесува тесто (ако тестото е суво, додадете малку вода, но лажичка по лажичка, внимателно за да не стане многу водена масата). Се обликуваат мали ќофтиња и се пржат во длабока маснотија.
Црвениот Хумус се подготвува со блендирање на варена леблебија, лук и таан, па се додаваат лимуновиот сок и маслиновото масло. Доколку леблебијата е сува во првата фаза се додава малку од водата во која се варела, но лажиче по лажиче.На крај се додаваат и печените (лупени) црвени пиперки.
Се служи во лепињи, питарки или арапски леб.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Во целото дождливо и тмурно време,имаше еден момент од 1минута кога огреа сонце и создаде совршени услови за една прекрасна слика.Единствен кикс во рецептот ми беше тоа што заборавив да ги посолам.
Хумусот ќе причека некое друго време.
Поздрав
bravo za receptot, odlicen e :)
Лили ти пратив на меил едно видео
Zborot "razbiracka" kako go bendisav, ne e normalno :))))))))))
Dobro, do tolku si pomlada od mene ?!?!?! Toa leblebiite meleni kaj mene bea do IV odd !!!!!
Edna anegdota : Trgnav vo Petok da kupam mehanicka vaga za merenje, ne za kujna, za tezina na luge...... Na kraj kupiv elektricna melnica od Moulinex za vo kujna.... Ziva patologija....