Испечати

Фалафел кофтиња со Црвен хумус

Фалафел кофтиња со Црвен хумус

Состојки

  • леблебија 250 грама
  • лук 3-4 чешниња
  • брашно 2 рамни лажици
  • сода бикарбона пола лажица
  • магдонос (или коријандер) една рака листови
  • варена леблебија 250 грама
  • лук 3-4 чешниња
  • маслиново масло по потреба
  • лимунов сок од 1 лимун
  • таан 2-3 лажици

Подготовка

Леблебијата се откиснува преку ноќ, може и подолго (24 часа), се измива со многу ладна вода неколку пати. Од набабрената леблебија во блендер се прави пире маса, во истата се додаваат сите останати состојки и се замесува тесто (ако тестото е суво, додадете малку вода, но лажичка по лажичка, внимателно за да не стане многу водена масата). Се обликуваат мали ќофтиња и се пржат во длабока маснотија.

Црвениот Хумус се подготвува со блендирање на варена леблебија, лук и таан, па се додаваат лимуновиот сок и маслиновото масло. Доколку леблебијата е сува во првата фаза се додава малку од водата во која се варела, но лажиче по лажиче.На крај се додаваат и печените (лупени) црвени пиперки.

Се служи во лепињи, питарки или арапски леб.