Видео рецепт: Фалафел (Посно)
Фалафел е јадење карактеристично за Блискиот Исток – пржени ќофтиња од наут и зачини, помешани со лук, кромид, магдонос и ким. Ние ќе користиме брашно од наут, но доколку немате слободно можете да користите и обично брашно.
Состојки
- 340 гр. варен наут
- 1 мал кромид
- 1 рака магдонос
- 3 чешниња лук
- 2 супени лажици брашно
- 2 супени лажици кумин (мелен ким)
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Ќе ви треба и:
- Масло за пржење, сол и бибер
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола, Експрес лонец и Делимано сецко.
Подготовка
Чекор 1: На почетокот го оставаме наутот да отстои во вода цела ноќ и потоа го готвиме во Експрес лонецот 20 минути, регулаторот поставен на 2, додека да омекне – можете да купите готов варен наут, но тој е поскап отколку сами да го зготвите.
Чекор 2: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Прво ситно исечкајте го кромидот, па потоа истото повторете го и со магдоносот и лукот.
Чекор 3: Исцедете го наутот и убаво измешајте го со кромидот, лукот и магдоносот и додадете кумин, сол и бибер. Сето тоа го ставаме во Делимано сецкото и сечкаме додека не се иситни наутот. Додаваме 2 лажици брашно. Ние користиме брашно од наут, меѓутоа доколку немате можете да користите и обично брашно. Смесата убаво ја мешаме и правиме 6 топчиња со иста големина. Топчињата ги ставаме да отстојат во фрижидер неколку минути додека да се загрее маслото за пржење и потоа ги пржиме додека да добијат златна боја. Убаво исцедете ги од масло пред послужување.
Чекор 4:3 топчиња редиме на чинија и украсуваме со таратор и млади кромитчиња. Прекрасно!
СОВЕТ: Фалафелот може да се јаде како додаток во сендвич, или пак да се послужи како мезе на даска – може да направите во комбинација и Фалафел од грашок, па ќе добиете декоративни топчиња со силна зелена боја!