20
јан
2020
Ќофтиња со кашкавал
Во меленото месо ги додаваме зачините, јајцето, запржениот кромид и лук, двопекот, претходно полиен со малку млеко. Од сите состојки замесуваме тесто за ќофтиња. Ги делиме на помали топчиња. Во секое топче ставаме по 1 коцка кашкавал(1*1*1 цм). Ги валкаме во брашно и ги оставаме малку во фрижидер.
Потоа ги пржиме од сите страни во зејтин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови