Ќофтиња со кашкавал
Состојки
- Состојки
- 600 гр мелено месо (пола јунешко,пола свинско месо)
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 150 гр кашкавал ајдамер
- 2 парчиња двопек(или сув леб)
- Од зачини сол.црн пипер,црвен пипер,оригано,магданос
Подготовка
Во меленото месо ги додаваме зачините, јајцето, запржениот кромид и лук, двопекот, претходно полиен со малку млеко. Од сите состојки замесуваме тесто за ќофтиња. Ги делиме на помали топчиња. Во секое топче ставаме по 1 коцка кашкавал(1*1*1 цм). Ги валкаме во брашно и ги оставаме малку во фрижидер.
Потоа ги пржиме од сите страни во зејтин.