26
фев
2014
Ќофтиња од леќа
Сварете ја леќата, а потоа пропржете ја со ренданиот кромид.
Оставете да се олади.
Откако леќата ќе се олади додајте го лебот (претходно потопен со млеко и добро исцеден), јајцето, пармезанот и лебните трошки.
Посолете и наросете црн бибер.
Од смесата формирајте ќофтиња, увалкајте ги во лебни трошки и пржете во загреано малсо.
Испржените ќофтиња извадете ги на кујнска хартија да се отстрани вишокот мрснотија и послужете ги со свежа салата.
Лиценца: Сите права се задржани