Ќофтиња од леќа
Состојки
- 70гр. леќа
- 1 главица кромид
- 2 кришки леб
- 1 јајце
- 1 лажица пармезан
- 2-3 лажици лебни трошки
- по потреба млеко(за потопување на лебот)
- по потреба сол,црн бибер, масло
- Лебни трошки за увалкување на ќофтињата
Подготовка
Сварете ја леќата, а потоа пропржете ја со ренданиот кромид.
Оставете да се олади.
Откако леќата ќе се олади додајте го лебот (претходно потопен со млеко и добро исцеден), јајцето, пармезанот и лебните трошки.
Посолете и наросете црн бибер.
Од смесата формирајте ќофтиња, увалкајте ги во лебни трошки и пржете во загреано малсо.
Испржените ќофтиња извадете ги на кујнска хартија да се отстрани вишокот мрснотија и послужете ги со свежа салата.