1. Меленото месо, сецканиот кромид, јајцето, лебните трошки, солта и
пиперот убаво се замесуваат и се прават 4 еднакви топки. Се додава фантот за ќофтиња.
2. Виршлите се сечат на “делови“ за желките и се прават 4 глави и 16
ноџиња. Кашкавалот се сече на тенки ленти.
3. Ги формираме желките: кон топките ги додаваме нозете и главите и
одозгора правиме мрежички од кашкавалот.
4. Ќофтињата се ставаат во загреана рерна на180 степени и преку 5
минути, кога кашкавалот почна да се топи се покриваат со фолија и
преку 30 минути ја вадиме фолијата и се печат уште 10 минути за да се
заруменат.
5. Готовите желки се украсуваат со марула и ротквици за да се радуваат
детските очиња и исто така и на возрасните :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови