4
дек
2013
Ќофтенца со домати и кашкавал
За ќофтенцата убаво измешајте ги сите состојки. Смесата оставете ја да отстои околу половина час за да се спојат сите вкусови. Потоа правете мали ќофтенца и редете ги во тава за печење обложена со хартија.
Доматите малку изгмечете ги со вилушка, измешајте ги со маслиновото масло и ставете по малку врз секое ќофтенце.
Ќофтенцата ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Потоа извадете ги и врз секое ќофте ставете мало парче кашкавал. Вратете во рерна уште само неколку минути да се растопи кашкавалот.
Послужете ги топли со прилог по ваша желба.
Лиценца: Сите права се задржани
malku vkus na pica...alla pizzaiola...:)))
Албетина, се зависи од големината. Ако се многу мали, да супер се за мезе :)
Невена, оригано убаво би дошло, ама ние многу го употребуваме па сакав да сменам малку. Инаку мислам дека уште поубаво би било со моцарела одозгора, ама немав во моментот :)