Ако не сакате да пржите еве еден предлог за ќофтина кои не се пржат туку се печат и воопшто не се мрсни, а исто така се и многу вкусни.
Меленото месо го мешаме со ситно сецканиот кромид, ги додаваме зачините, јајцето, маслото и презлата и убаво мешаме да се изедначи сместа. Смесата ја оставаме 1 час во фрижидер. Потоа од месото земаме по малку формираме топчиња и со прстот на средина од секое топче правиме длабнатина и ја полниме со кашкавал. Кога ќе ги направиме сите ќофтенца ги редиме во намрсен плех и ги печиме на 190 степени околу 40 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови