Оваа чорба е моја омилена, па сакам да ја споделам со вас.
Секако дека количините на состојките можете да ги прилагодите на потребите на вашето семејство.

Прво се прави смесата за мали ќофтенца. Убаво се измесува.
Се формираат со влажни раце ќофтенца и малку се запржуваат на масло.
Сега на малку маслиново масло се пропржува сецканиот морков, се налива вода (или по желба коцка за супа) се додаваат ќофтенцата, фидето, зачините и се вари на тивко околу 10 минути.
До колку за време на варењето се појави малку пена отстранете ја со лажица.
На страна во тајнир се става сокот од лимон, 1 јајце, јогуртот, магдоносот.
Се промешува.
Од кога е сварен супата се остава 10 минути да се подизлади и во танок млаз се додава смесата од тајнирот.
Се промешува убаво и се сервира.

Мој совет - не штедете на лимон и магдонос, бидејќи чорбата е лесна, вкусна, освежителна, а во овие летни горештини може да биде и комплетен оброк.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани