Испечати

Ќофтенца со домати и кашкавал

Ќофтенца со домати и кашкавал

Состојки

  • За ќофтенцата
  • 500 гр мешано мелено месо
  • 4 лажици презла
  • 1 среден кромид, ситно исецкан
  • 1 чешне лук, многу ситно исецкано
  • 1/2 шоља рендан пармезан
  • 2 лажици ситно сецкан магдонос
  • 1 јајце
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/4 лажичка мелен бибер
  • За премачкување
  • 1/2 мала конзерва сецкани домати
  • 1 лажица маслиново масло
  • и уште
  • парченца кашкавал

Подготовка

За ќофтенцата убаво измешајте ги сите состојки. Смесата оставете ја да отстои околу половина час за да се спојат сите вкусови. Потоа правете мали ќофтенца и редете ги во тава за печење обложена со хартија.
Доматите малку изгмечете ги со вилушка, измешајте ги со маслиновото масло и ставете по малку врз секое ќофтенце.
Ќофтенцата ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Потоа извадете ги и врз секое ќофте ставете мало парче кашкавал. Вратете во рерна уште само неколку минути да се растопи кашкавалот.
Послужете ги топли со прилог по ваша желба.