Сочен ручек...

Подготовка
Месото го сечкаме на коцки и го ставаме да се пропржи на масло со постојано мешање. Откако ќе се упржи го ставаме сечканиот кромид и морковите сечкани на коцки. Ги упржуваме и нив па ставаме вода и така динстаме додека да ни омекне месото (околу 1,5 час).
При крајот на динстањето на месото ги додаваме зачините и печурките и тие да се пропржат кратко.
За тоа време ги подготвуваме њоките.
Компирот го лупиме и го сечкаме на коцки па го ставаме да се свари. Потоа го пасираме, му додаваме зачини, јајце и брашно и умесуваме тесто од кое формираме миниролат. Ролатот го сечкаме на мали парчиња (1 см) кои ги ставаме во врела солена вода да се сварат. Кога ќе ги ставиме внатре чекаме да испливаат на површина, а тоа значи дека се скоро готови. Ги оставаме уште некоја секунда, па ги вадиме.
Њоките ги додаваме сосема на крај, само ги спуштаме во гулашот.

Забелешка
Си купив свежи печурки шампињони ама колку беа ситни, ептен мераклиски, па некои не ги ни сечкав...повеќето ги ставав цели.
Динстањето на месото треба да се одвива на средна температура. малку е подолготраен процесот, ама месото треба да ни омекне, да биде ровко. Ако е потребно доставате жешка вода.
Тестото за њоки треба да ни е средно меко и кога го формираме ролатот треба да биде на набрашнета површина.
Јас не ставам домат, а вие можете да си ставите свежи домати или пелати.
Зачини си ставате по сопствен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани