Вински гулаш
Има многу рецепти за припремање на гулаш, еве еден од нив, а кој се темели фактички на кромид и лук, малку различен од останатите рецепти...
Подготовка
1. На зејтинот испржете го ситно исецкан кромидот кој сосема малку ќе го посолите. Кога ќе стане стаклест, додадете го црвениот пипер и повеќе од половина на лукот, па уште малку пржете го - нормално на тивок оган.
2. Додадете го јунешкото месо насечено на коцки, поклопете го садот и нека динста, месото ќе го пушти својот сок. Нека крчка се додека забележите дека сокот од месото е на половина, па додајте го виното и продолжува повторно да крчка, нека испари и да се преполови течноста.
3. Подлијте со спреманиот говедски буљон, додадете ги останатите состојки и оставете нека се вари на тивко околу 1 час, односно додека месото не омекне, а течноста веке е смалена на 1/3.
4. Гулашот мора да биде малку погуст...
5. Кога ке го сервирате посипете го со ситно исецкан лук.
Забелешка
-Јас денес не го спремив со црвен кромид, бидејки немав во доволна количина, но ништо не му сметаше што беше мешавина и бел и црвен кромид.
- Овој гулаш треба да е погуст според рецептот бидејки се служи сервиран во еден леб во кружна форма на кој прво се сечи горната кора и ке служи како капак, се длаби средината оставајки му подебели ѕидови, па се става гулашот и се принесува така наполнет лебот, кој нормално се става на чинија.
- Јас никогаш не го послужив така, или ќе приготвам пире или некој вид на тестенини, а комотно може да се служи и така засебен, ќе си топете со лебот од него.
- Кој не сака луто - изоставете ги феферонките и саламурата од нив.
- Внимавајте со солта бидејки самата говедска коцка содржи доволно сол
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани
E sega sto ke pravime Lile? Jas ili ti ke pisuvas tecept za sadovi od testo? Ili drug dobrovolec ke ima ? :))))