Гулаш со њоки
Состојки
- 700 гр јунешко месо
- 700 гр кромид
- 200 гр моркови
- 250 гр печурки
- Зачини
- Сол мешан сув зачин
- црвен пипер чили, буковец, бибер
- За њоки
- 300 гр компири
- 1 јајце
- 50 гр брашно
- Сол мешан сув зачин, бибер
Подготовка
Подготовка
1. Месото го сечкаме на коцки и го ставаме да се пропржи на масло, на оган.
2. Откако ќе се упржи го ставаме сечканиот кромид и морковите сечкани на коцки.
3. Ги упржуваме и нив па ставаме вода и така динстаме додека да ни омекне месото (околу 1,5 час) на средна температура.
4. При крајот на варењето на месото ги додаваме зачините и печурките и тие да се пропржат кратко.
5. За тоа време ги подготвуваме њоките. Компирот го лупиме и го сечкаме на коцки па го ставаме да се свари.
6. Потоа го пасираме му додаваме зачини, јајце и брашно и замесуваме тесто од кое формираме ролат.
7. Ролатот го сечкаме на мали парчиња(1 см) кои ги ставме во врела малку солена вода да се сварат.
8. Кога ќе ги ставиме внатре чекаме да испливаат на површина, а тоа значи дека се скоро готови. Ги оставаме уште некоја секунда, па ги вадиме.
9. Њоките ги додаваме сосема на крај, само ги спуштаме во гулашот.
Забелешка
Си купив свежи печурки шампињони ама колку беа ситни, ептен мераклиски, па некои не ги ни сечкав...повеќето ги ставав цели.