Јапонски ветер
После добра проверка дали го има рецептов, решив да го споделам.
Видов дека има некој друг ветар, но овој јапонскиов не го сретнав.
Па еве гo, нека дува и овде.
Лесна кремаста торта, која ја бендисаа сите кои ја пробаа.
Јајцата ги делиме во два сада, башка белките, башка жолчките.
Белките ги матиме заедно со шеќерот во прав се додека не добиеме густ шлаг, па додаваме јаболков оцет и промешуваме уште еднаш.
Сега со шпатула проешуваме уште 100гр лебни трошки, па ја префрламе смесата тава за печење.
Ако користите тава од делимано, не ви треба ни подмачкување ни хартија за печење.
Ако пак ја печете во обично тавче, тогаш ви претпорачувам да си ја подмачкате добро тавата.
Печете во вжештена рерна. Нека се пече околу 40 минути.
Извадете го печениот пандишпан и оставете да излади.
Сега да го подготвиме и кремот жолчките ги матиме со миксер.
Додаваме шеќер во прав, а потоа кога смесата ќе се изедначи додаваме малку млеко и брашно.
Преостанатото млеко го ставаме во касерола на оган и кога е вжештено ги додаваме матениве жолчки, па мешаме додека ја добиеме потребната густина на кремот.
Тргаме на страна да излади. Кога е ладно го миксираме со путерот и мелените ореви.
Кремот е готов.
Слатката павлака ја матиме да си ја добие потребната густина.
Кога се е готово пандишпанот ќе го исечеме на три ленти.
Одиме со редење на тортата.
Ред пандишпан, ред крем,па ред слатка павлака
Така одиме со трите кори,
Затвараме со крем комплетно,а декорираме со слатката павлака и листови од бадем.
Ставете нека стврдне во ладилник,па служете барем еден ден отстојана, за да го сетите вистинскиот вкус на оваа сладурија.
Пробајте ја, па кажете за вашете мислење, а оние кои веќе ја имаат пробано,чекам да кажат свое мислење.
На здравје нека е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Inaku mnogu ti izlegla ubava, so kef bi kasnala edno malo parcence.... :-)