
Штрудла со путер, јаболка и ореви
Има многу рецепти за подготовка на штрудла со јаболка и сите се убави на свој начин, меѓутоа јас долго време штрудлата ја подготвувам на мој начин и топло ви препорачувам да пробате и да се уверите дека едноставно путерот си го прави своето.
 Фил
 Јаболката ги рендаме на крупната страна од рендето. Ги додаваме ванилиниот и кристал шеќерот и циметот. Убаво мешаме.
 Додаваме крупно толчени ореви и мелени бисквити. Филот е готов.
Путерот го топиме на тивок оган.
 Земаме една кора и со четка ја премчкуваме со путер. Ставаме втора кора и ја премачкуваме со путер. Обилно нанесуваме од филот и виткаме ролна.
 Постапката ја повторуваме со останатите кори.
 Ролните ги редиме во плех покриен со пек хартија. Ги сечеме на парчиња кои ни одговараат.
 Ролните ги полеваме со останатиот путер и ги наросуваме со ванилин шеќер.
 Печеме во загреана рерна на 190 степени околу половина час (односно додека ролните почнат да зацрвенуваат)
 Оставаме да се олади, наросуваме со шеќер во прав и уживаме!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови























Ја обожавам ❤