Многу сочна и вкусна штрудла.
Подготовка:
1. Корите избројте ги и поделете ги на три дела. Кај мене во пакувањето имаше 12 кори, значи секоја штрудла е со по 4 кори.
2. Во вангличка ставете грчки јогурт, масло, измешајте убаво, па додадете јајца, пециво, шеќер, ванила и гриз. Измешајте да се соедини.
3. Јаболката изрендајте ги и измешајте ги со прашокот за пудинг. Оревите исечкајте ги.
4. Секоја кора премачкајте ја со смесата. Ставајте по три лажици и со четка размачкајте насекаде. Одозгора ставете ја втората кора, премачкајте ја, па третата, а четвртата не ја мачкајте. Над неа на две третини од површината ставете од јаболката, одозгора ореви и завиткајте во ролат.
5. Печете на тава премачкана со путер. Јас штрудли печам во ѓувеч тава, за да не се шират многу штрудлите. Наредете ги трите штрудли и премачкајте ги со остатокот од смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени четириесетина минути. Ако е потребно во текот на печењето прекријте ги штрудлите со фолија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови