8
окт
2013
Шпански ориз со пилешко
Мојата “верзија“ на Шпански ориз, по малку мрзлива, всушност прилагодена за готвење преку неделата кога ми недостасува време.
Загрејте ја рерната на 190 Ц.
Во длабок керамички сад за печење измешајте ги сите состојки освен месото и водата. Не треба запржување. Одозгора наредете ги парчината месо и налејте со топла вода во количество наведено во рецептот. Малку посолете го и побиберете го месото и ставете да се печи.
Готово е после 1 до 1 и пол час, кога месото ке добие крцкава коричка и цела течност во тавата е абсорбирана.
Послужете топло со салата по желба.
Толку.....
Лиценца: Сите права се задржани
Imam jas vakvi recepti so kratka postapka. Preku nedelata nemam mnogu vreme, pa za 1 - 2 casa moram da zgotvam jadenje koe ke gi zadovoli vkusot i kriteriumot na site :)
Najubavo ispaga so oriz so dolgo zrno, zosto toj ne se lepi, no i so obicen bel ne e loso. Mozebi ke vi se bendisa :)
A slikata ne mi e bas po merak, ama nabrzina slikana zasto site bevme gladni i edvaj cekavme da go probame jadenjevo :)
Лили ти благодарам за рецептот, одличен ручек ... да се надоврзам на Албетина, слободно почасти не со вакви набрзинка рецепти :D
Izgleda e vreme da gi ispisam moite brzi recepti :))))
Mnogu mi e drago sto jadenjeto go zadovoli vkusot na vasite semejstva :)
Еве и јас да се придружам со едно сличе од штотуку извадено од рерна во галеријата тука :)
За тавата не ти докажав... не ја зедов оти скоро сите со маана ми се видоа внатре, се нашто имаше, де некоја точка, запирка... :) Мене ростерот ми заврѓи добра работа ;)