6
дек
2014
Пилешко на шпански начин
Кромидот исечете го на резанки и ставете го да се пржи. Откако ќе омекне додадете ги шампињоните да се пропржат додека да испари водата. Потоа додадете го пилешкиот стек. Откако стекот ќе омекне додадете го мешаниот сув зачин, бибер, сол, чили (по желба) и виното. Откако виното малку ќе испари се додава доматниот сос и сенфот. Тавата затворете ја со капак и оставете да се динста 30-40 мин.
Содржината од тавата префрлете ја во огноотпорен сад и ставете го ренданиот кашкавал одозгора. Оставете да се пече (15тина мин) на 200 степени додека кашкавалот да се растопи и да фати убава златна боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови