Испечати

Шпански ориз со пилешко

Шпански ориз со пилешко

Состојки

  • 6 - 8 крупни делови пилешко месо
  • 1 главица кромид, ситно сецкана
  • 8 лажици маслиново масло
  • 2 зрели домати, излупени и исецкани
  • 1 1/2 шоља ориз со долго зрно
  • 4 шољи вода
  • 2 меснати црвени пиперки, испечени, излупени и исечени на ленти
  • 1 шоља грашок
  • 1 ловоров лист
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1/2 лажичка бибер
  • по вкус сол
  • 1 лажица пире од домати
  • малку шеќер
  • 1 коцка за пилешка супа
  • 3 - 4 чешнина лук, ситно исецкани

Подготовка

Мојата “верзија“ на Шпански ориз, по малку мрзлива, всушност прилагодена за готвење преку неделата кога ми недостасува време.

Загрејте ја рерната на 190 Ц.

Во длабок керамички сад за печење измешајте ги сите состојки освен месото и водата. Не треба запржување. Одозгора наредете ги парчината месо и налејте со топла вода во количество наведено во рецептот. Малку посолете го и побиберете го месото и ставете да се печи.

Готово е после 1 до 1 и пол час, кога месото ке добие крцкава коричка и цела течност во тавата е абсорбирана.

Послужете топло со салата по желба.

Толку.....