1. На загреан зејтин пропржете го кромидот.
2. Додадете ги на коцки исецените пиперки и модар патлиџан, морковот и тиквичките на кругови, а боранијата на мали делови.
3. Динстајте ги поклопени со капак на тивок оган околу 15 мин,, а по потреба (доколку сметате дека не се доволно омекнати) долевајте вода.
4. Додајте го патлиџанот насечен на коцки, ситно сецкан или преку преса стиснат лукот, маслинките, додајте вегетата, солта и биберот. Динстајте уште околу 10-15 мин. тргнете од огнот и посипете со исецканите листови босилок и магданос.
5. Шпагетите сварете ги во солена вода и оцедете ги.
Служете ги шпатетите посипани со рендано сирење и прелиени со овој сос.
НАПОМЕНА
Доколку сметате дека е потребно уште прелив од патлиџан, слободно прелејте ги шпагетите и со кечап или сос од патлиџани.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани