Шкотско јајце
И ова предјадење во низата јадења со велигденските јајца.
Кромидот ситно го сецкаме и го пропржуваме на плитка мрснотија со малку сол.
Срединките од лебот ги преливаме со млекото.
Во садот со меленото месо ги додаваме зачините, малку од пецивото, 1-то живо јајце, натопениот и исцедениот леб и убаво исцедениот од масло, изладен испржен кромид. Месиме со рака додека не добиеме хомогена смеса. Ја оставаме во фрижидер да отстои најмалку 1 час.
Варените јајца ги лупиме.
Месото го делиме на 4 дела. Со намрсени раце земаме еден дел, расплескуваме на дланка и ставаме 1 јајце. Го обложуваме со месо, формирајки топка.
Постапката се повторува и со останатите 3 дела. Во случајов јас направив 2 топки со јајце, а другите без јајце...морав...)))
Вака подготвените топки се ставаат на намрсена алу фолија во тава. Се попрскуваат со масло и се ставаат да се запечат во рерна 5 мин., на 250 степени во загреана рерна. Со оваа постапка се формира еден убав слој, кој недозволува понатаму при пржењето да се распукаат топките.
2-те јајца ги матиме со вилушка. Запечените шкотски јајца ги валкаме во брашно, јајце, презла.
Вака подготвените топки одат на пржење во загреана длабока мрснотија. Повремено ги вртиме од сите страни и пржиме додека поруменат.
Ги вадиме на кујнска хартија за да се впие вишокот мрснотија.
При сервирање ги пресекуваме на пола.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани
A, za kombinacijata da, edno od nesta sto se pametat od detstvoto...
Super vkusni, pogodni i kako predjadenje, glavno jadenje, vkusni se i ladni, znaci pogodeni i za piknik :)
Gi poglednav i tvoite...