
Макарони со урда и јајце
1. Во тенџере налеваме 1 литар вода додаваме 1 супена лажица сол го ставаме на рингла и оставаме водата да зоврие.
2. Кога ке почне да врие водата ги додаваме макароните да се сварат и повремено промешуваме.
3. Додека макароните се варат во посебен сад ставаме 300 грама урда, ги додаваме јајцата и мешаме со лажица додека состојките не се соединат.
4. Огноотпорниот сад го премачкуваме со путерот.
5. Кога макароните ке се сварат ги цедиме во цедалка и ги враќаме во садот.
6. Во садот со макароните ја додаваме и смесата од урда и јајца и убаво промешуваме и макароните ги ставаме во огноотпорниот сад.
7. Печеме во загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 20тина минути додека добијат боја.
8. Декорираме со кечап.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови