Шешир погача
Во сад ставете го брашното, изронете го квасецот, додајте ги маслото, јајцето, солта, шеќерот и со млекото замесите не лепливо тесто. Оставете го да скисне околу 1 час додека се удвои.
Додека кисне тестото подгответе ги филовите.
За филот 1 се мешаат сите состојки.
За филот 2 обарете го спанаќот во вода, исцедете го, оставете го да олади и ситно исецкајте го. Потоа додајте го јајцето, урдата, сол по потреба и измешајте го.
Откако ќе скисне тестото премесете го и поделете го на два дела. Од едниот дел одделите мало топче на тесто (отприлика колку една мандарина) кое ќе биде потребно за украсите на шеширот. Потоа ставете го филот, направете топка и ставете ја во средина на тепсијата обложена со хартија . Јас користев бр 38 но може и помала 30-32 за целосно да се исполни.
Од вториот дел развлечете правоаголна кора со должина околу 38цм нанесете го филот 2 и завиткајте ролат. Сечите парчина широки околу 1,5-2 цм(јас направив18) и наредете ги околу тестото во средина (сл.1).
Од малото тесто направете лентички и наредете ги како мрежа на тестото во средина кое претходно сте го намачкале со јајце за подобро да се залепат. Потоа намачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам (сл 2).
Направете и една поширока лента, намачкајте ја со јајце и посипете ја со мак. Ставете ја наоколу каде се спојуваат ролатите и средното тесто(сл.3). На крај со малку тесто направете и мала машничка која ќе го означи шеширот (сл 4).
Со јајце премачкајте ги ролатите и по целата погача ставете неколку парченца путер.
Рерната пуштете ја да се загрее на 200 степени. Потоа ставете ја да се пече околу 25-30 мин и за време на печењето за премногу да не потемни покријте ја со хартија.
Ете, ова беше мојата изведба на шеширот и се надевам дека ќе ви се допадне.
Лиценца: Сите права се задржани
Cestitki navistina prekrasno :)