29
апр
2013
Шарена торта со јаболка и пудинг
Јаболката се лупат, рендаат и варат да провријат 5 минути. Се пасираат па им се додава шеќерот, гризот и ванилиниот шеќер. Се тура водата и се враќа на тивок оган додека не испари водата со постојано мешање. Оставаме да се лади.
Пудингот го вариме со млекото според упатството.
Редиме ред бисквити, ред од филот со јаболката, ред бисквити, ред од пудингот и на крај мачкаме со шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови