Шарена погача-Цвет
Од сите наведени состојки за тесто се замесува средно- меко тесто. Се остава на топло, да го дуплира волуменот, околу 1 час.
Потоа на кратко, но енергично се премесува и се остава уште еднаш да надојде.Сега времето е покусо, околу 40-45мин.
Додека стасува погачата го подготвуваме филот.
Спанаќот убаво измиен, се дроби на поситно и се обварува. Водата се истура, а тој се пропржува, всушност се суши на тавче, без масло. Се трга од оган, да излади, па му се додава ренданото сирење-150гр...Сол, по вкус, ако мислиме да треба.
Шунката ја рендаме и мешаме исто со другата половина на ренданото сирење.
Следува оформувањето на погачата. Тестото без да се премесува се дели, прво на два дела, а потоа од тие два дела се зема по малку, за да се добие мал трет дел. (Се гледа на фотографијата.)
Во едниот дел се додава спанаќот и сирењето, убаво се изедначува со месење и се отвора правоаголна кора.
Се работи на намрсена подлога со масло.
Во вториот дел се додава шунката и сирењето, убаво се изедначува и се оформува ролна која се става на почетокот од правоаголната кора со спанаќот. Се витка ролат, кој се става во кружна форма во тенџере со пречник од 28цм., кое сме го намачкале убаво со маргарин.
Сега го правиме украсот. Отвораме кружна кора, која ја засекуваме во облик на цвет. (Се дели на 8 дела, но без засекување, само толку колку да ни се познава линија, во средината на секој дел си повлекуваме линија и кон крајот им одземаме по еден дел, за да го добиеме врвот.) Ја ставаме на погачата.
Од останатото тесто повторно формираме кора, која ја засекуваме убаво на 8 триаголничиња.Секој го засекуваме на средина, но не докрај и со врвот два пати го провнуваме низ отворот.Ѓи редиме како на фотографијата. Оставаме повторно да надојди погачата, околу 45мин..
Пред печење ја премачкуваме со разматената жолчка со малку масло или млеко. Украсуваме со семињата и ја печеме во загреана рерна. Тоа секој како што си печи во зависност од рерната, а кај мене е околу 1час и 5 мин., и тоа 15 мин. на 200Ц.степени, додека добие боја, па ја покривам со алу фолија и намалувам на 180 степени-40 мин., а последните 10 мин. повторно на 200 степени.
Мора убаво да изврие погачата заради филот. После печење премачкуваме со масло или маргарин за сјај....
И конечниот резултат е добивате мека душа погача, која мекоста ја има и наредниот ден...
Лиценца: Сите права се задржани
Pokraj sto e na oko ubava, mnogu e meka, vkusna...