Од сите состојки се замесува тесто и се остава да стаса. Откако ќе стаса тестото се дели на шест дела и едно мало топче за цветот на средина. Потоа четирите топчиња се расукуваат во форма на круг едно по едно, се премачкуваат со маргарин или путер и се ставаат едно врз друго со тоа што последното не се премачкува со маргарин.
Се сече на осум дела, ама не до крај и пак секое делче се расекува на средина за да има отвор. Се става во длабока тепсија или тенџерче бр.28.
Врвот од секое делче се врти 2-3 пати низ отворот и се става на крајот од тепсијата. Истото се повторува со сите осум делчиња.

Од другите две теста исто се расукува круг се сече на четири дела(знаци од двете теста се добива осум парчиња)ама до крај и секое делче се расекува и на средина. Со врвот се врти 2-3 пати низ отворот.а другите два краја од триаголникот се преклопуваат од позади. Овие осум дела се ставаат измеѓу другите цветови. На средина од малото топче тесто се прават цветчиња. Се расукува тестото и со чаша се вадат 9 круга. Три круга се спојуваат со краевите и се виткаат како ролна, се сече на средина и се ставаат на средина во плехчето со пресечениот дел одоздола. Треба да се добијат 6 цветчиња. Погачата се премачкува со јајце се поросува со сусам и се остава да нарасне околу 15 минути потоа се пече во загреана релна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови