Чоко-Бисквит Торта (без печење) (100-ти Јубилеен рецепт)
Ете го и мојот јубилеен 100-ти рецепт...со кој освен што сакав да го одбележам овој јубилеј, истовремено го одбележувам и именденот на моето синче Матеј. Имав повеќе опции за јубилеен рецепт, ама ете временски се погоди со именденот...и така изборот беше очигледен. Се надевам ќе ви се допадне и на вас ова превкусно чоколадно задоволство, барем виртуелно...освен доколку за некој ваш повод не се решите да ја направите оваа торта.
Подготовката е брза, лесна и на следниот начин -
1. Почнуваме со подготовка на 1-от дел - бисквитите ги кршиме на парчиња. Останатите состојки ги ставаме во тенџере на тивок оган, мешаме додека да се стопи маргаринот и чоколадото, притоа внимавајки да не зоврие смесата. Потоа оваа смеса ја истураме врз искршените бисквити, мешаме убаво да се соединат состојките, и ја префрламе смесата во премачкан калап број-26 (со маргарин). Рамниме убаво и оставаме 30-на минути во фрижидер.
2. Го спремаме 2-от дел... сите наведени состојки ги ставаме во тенџере на тивок оган, мешаме додека да се стопи маргаринот и чоколадото, притоа внимавајки да не зоврие смесата. Оваа смеса ја истураме врз 1-от дел. Оставаме во фрижидер неколку часа.
3. За 3-от дел ја матиме со миксер слатката павлака, ги додаваме 2г.л. еурокрем и мелените бисквити. Декорираме на истиот начин или по ваша желба.
Уживајте!
За крај сакам да се заблагодарам од се срце на цела екипа на тимот Мои рецепти, сите членки и сите читатели кои верувам дека секојдневно ја следат оваа прекрасна страна со прекрасни рецепти и дружења, од кои може да се научи многу...Се дружиме и во иднина.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Neka ti Se mnozat receptite
Se nadevam deka druzbata prodilzuva tuka, vo dobro zdravje na site nas
Cestitki tebe i na sinceto
Do sega ne Se slucilo objava na jubilej vo nedela... Haha
Najverojatno urednistvoto ne primetilo deka e jubileen recept
Стотката е многу значаен јубилеј за сите нас, а особено за авторот! Ви посакувам добро здравје и уште многу јубилејни рецепти! Поздрав до дечкото што слави именден! Тортичето вкусно и многу убаво украсено :)
Браво Сим, ми се допадна.Нека ти се множат рецептите и дружбата со нас овде.Честитки уште еднаш.
Веднаш го препознав уште во првите твои рецепти потенцијалот кој го поседуваш, а исто така и квалитетните рецепти.
Тортата е убава за убав повод.
Да се множат уште многу јубилеи :)
Да ти се множат убавите рецепти!
Ти посакувам секое добро и убава дружба тука! -))))
задоцнето, но не заборавено, се навраќаме на твојот прв јубилеј.
Твоите рецепти се некоја мешавина од класичната кујна, со тенденција да се воведуваат нови идеи, а се гледа дека се зготвени со многу љубов за саканите.
Ти благодариме за твоите 100 рецепти и ти подаруваме сет Делимано тави. Честитки!
Дружбата продолжува и понатаму,
тимот на МоиРецепти
П.С. Секако дека продолжува дружбата...веќе нек.рецепти чекаат на вас, а следните се спремаат :)
Секое добро, поздрав на цела екипа.