Чоко-Бисквит Торта (без печење) (100-ти Јубилеен рецепт)
Состојки
- 1 дел
- 600мл Слатка павлака (хопла)
- 150гр Маргарин
- 200гр Чоколадо (за готвење)
- 100гр Млечно чоколадо
- 450гр Бисквити (искршени)
- 2 дел (ганаш)
- 200мл Слатка павлака (хопла)
- 50гр Маргарин
- 100гр Чоколадо (за готвење)
- 100гр Млечно чоколадо
- 3 дел
- 200мл Слатка павлака (хопла)
- 2г.л. Еурокрем
- 50гр Бисквити (мелени)
Подготовка
Ете го и мојот јубилеен 100-ти рецепт...со кој освен што сакав да го одбележам овој јубилеј, истовремено го одбележувам и именденот на моето синче Матеј. Имав повеќе опции за јубилеен рецепт, ама ете временски се погоди со именденот...и така изборот беше очигледен. Се надевам ќе ви се допадне и на вас ова превкусно чоколадно задоволство, барем виртуелно...освен доколку за некој ваш повод не се решите да ја направите оваа торта.
Подготовката е брза, лесна и на следниот начин -
1. Почнуваме со подготовка на 1-от дел - бисквитите ги кршиме на парчиња. Останатите состојки ги ставаме во тенџере на тивок оган, мешаме додека да се стопи маргаринот и чоколадото, притоа внимавајки да не зоврие смесата. Потоа оваа смеса ја истураме врз искршените бисквити, мешаме убаво да се соединат состојките, и ја префрламе смесата во премачкан калап број-26 (со маргарин). Рамниме убаво и оставаме 30-на минути во фрижидер.
2. Го спремаме 2-от дел... сите наведени состојки ги ставаме во тенџере на тивок оган, мешаме додека да се стопи маргаринот и чоколадото, притоа внимавајки да не зоврие смесата. Оваа смеса ја истураме врз 1-от дел. Оставаме во фрижидер неколку часа.
3. За 3-от дел ја матиме со миксер слатката павлака, ги додаваме 2г.л. еурокрем и мелените бисквити. Декорираме на истиот начин или по ваша желба.
Уживајте!
За крај сакам да се заблагодарам од се срце на цела екипа на тимот Мои рецепти, сите членки и сите читатели кои верувам дека секојдневно ја следат оваа прекрасна страна со прекрасни рецепти и дружења, од кои може да се научи многу...Се дружиме и во иднина.