5
мај
2021
Чоколадни јајца
Слатка декорација за Велигденската трпеза.
1. Во сад над пареа го топиме темното чоколадо со една лажица масло.
2. На хартија за печење ставаме од стопеното чоколадо по 1-2 лажици, правејќи јајцевидна форма. Оставаме малку да се стегне.
3. Во сад над пареа го топиме белото чоколадо со една лажица масло. Во средината на секоја форма од темно околадо ставаме по 1 лажиче од белото чоколадо. Во средината на секое чоколадно јајце ставаме по едно чоколадно топче во жолта боја, оставаме да се стегнат.
Лиценца: Сите права се задржани