26
апр
2020
Чоколадни мафини
Едноставни мафини кои брзо се приготвуваат, а се многу вкусни.За десерт или за појадок со чаша млеко.
Се матат јајцата со миксер. Постепено се додава шеќерот и се мати додека не се стопи шеќерот. Потоа се додава млекото и зејтинот и пак кратко се мати. Низ сито се додава брашното со какаото и пецивото. Се мати и се добива малку погуста смеса. Со помош на 2 лажици се става во корпи за мафини наредени во калап. Целата смеса е таман за 12 мафини. Во секоја корпа се става по 1 коцка од чоколадата. Се пече во загреана рерна на 180 степени 20 минути.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови