Кој не сака чоколада? Мислам нема таков...
Лесно се спрема колачот, чоколадест и кремаст и права сласт на непцето.. така рече Ленти... јас пробав и потврдувам дека е во право.
 
Ставете на тивко да се стопи маргаринот и чоколадата-тргнете настрана да малку оладат, а за тоа време спремајте го остатокот од бисквитот.

Бисквитот
- Одделете ги жолчките и белките.
- Сматете ги посебно само белките
- Сматете ги жолчките со шеќерот, додадете го оладениот стопен маргарин и чоколада, измешајте, додадете го брашното измешано со пецивото, измешајте да се спојат, а потоа го додавате снегот од белки. Со шпатула измешајте ти сите состојки да се спојат, излијте во плекче подмачкано само на дното или само на дното од истото ставете хартија за печење кое е во големина од 24х40 и да е подлабоко. Ставете го да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени. Печено извадете од рерната и оставете да се полека лади, а за тоа време почнете со припремата на кремот, односно кога веќе е при крај со печењето, почнувате да го спремате кремот.

Крем
- На оган ставете ја павлаката заедно со чоколадата да се топи, но не да зоврие. Тргнете ја од оган и оставете малку да олади.
- Залијте го полуоладениот колач со чоколадното млеко. Врз него излијте го кремот кој е доста течен и оставете го неколку часа да се стегне, а потоа преместете го во фрижидер. Оставете преку ноќ нека се лади. Дури тогаш добро ќе се стегне и совршено се сече. За укажаното трпение тој ќе ве награди.

Совет
- Колачот не смее да биде многу топол ниту пак кремот кога се залева, мора да почекате да се оладат малку.
- Ни случајно немојте да сте одлучиле да го одвоите бисквитот од зидовите на тавчето.... ако тоа го направете - кремот наместо врз бисквитот ќе ви дојде под бисквитот и тогаш дури ништо не сте направиле освен да земете лажица и така да го вкусите или ако сте толку вешти па да го превртите, па затоа велам... пазете кога ќе го изливате кремот. Затоа велам да не го подмачкувате плекчето од страните, потребно е да е чинг за да останате краевите залепени за зидовите. Велам подлабоко тавчето - не е мала количината на кремот, за да можете со сигурност целиот да го залите врз бисквитот.
Сигурна сум дека ќе успеете.
Тоа е се народе.. уживајте во празниците, а овој колач ветува многу, особено за чокољупците.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани