1. За пандишпан
Јајцата изматете ги со шекерот, додајте го брашното какао и пецивото. Промешајте со лажица и истурете во калап со форма на срце. Печете во загреана рерна на температура 200 степени.
Оставете да истине.
2. За фил
Млекото ставете го да зоврие.
Јајцата изматете ги со шекерот и брашното, додајте ја ванила. Во смесата со јајца истурете пола од зовриеното млеко и измешајте. Истурете го останатото млеко и ставете на тивко да загусне. Покријте го со фолија и оставете да истине. Изладениот фил изматете со путер.
3. Пандишпанот пресечете го на три кори. Филувајте пандишпан, па карамел фил, па пандишпан, па карамел фил, и на крај покријте со пандишпан. Торта ставете ја во фрижидер да се стегне.
Готовата торта премачкајте ја со останатиот фил и украсете по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани