14
апр
2020
Чизкејк со наполитанки и чоколадна карамела (без печење)
За подлогата бисквитите измелете ги, додајте стопен маргарин, млеко и чоколаден прелив и се' измешајте. Подлогата ставете во форма за торта и оставете во фрижидер.
За фил
Желатинот растворете го во 50 мл вода.
Урдата, шеќерот, ванилата и павлаката заедно измешајте ги. Во урдата додајте го желатинот.
Врз подлогата наредете наполитанки, врз нив истурете го филот.
Ставете во фрижидер да се стегне.
Готовиот чизкејк прелијте го со чоколадна карамела.
Украсете со павлака и малини.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
браво за изборот, честитам РД