Делимано среќен 10-ти роденден!
Кога пред пред скоро 7 години се приклучив кон Мои рецепти со објавување на мојот прв рецепт не знаев дека едноставно ќе ми станете љубов...Секој ваш производ што го користам, а ги имам повеќе, совршено се вклопија во организацијата во мојата кујна. Со вас готвењето е полесно, поедноставно и сонот на секоја домаќинка е исполнет! Продолжете да работите со исто темпо и да креирате нови иновативни производи, а ние ќе продолжиме да готвиме со вас!
Мои рецепти среќа е што ве имаме!

Тортичево го обмислив специјално за вашиот роденден. Сакав да биде лесно, не премногу слатко и освежително од мини дозата на џемот од малини...Успешно подготвено!

Подготовка на бисквитно тесто
1. Ги двоиме белките од жолчките. Половина од шеќерот ставаме во жолчките.
2. Белките ги матиме да побелат, па го ставаме шеќерот и матиме додека смесата да стане цврста, да не паѓа од садот.
3. Ги матиме жолчките со шеќерот да ни се згуснат и да добијат светло жолта боја.
4. Кон жолчките ставаме ванила екстракт, масло, млеко и соединуваме.
5. На крај ги додаваме сувите состојки кои сме ги соединиле, брашното, пецивото и мелените ореви, соединуваме со миксер.
6. Со шпатула постепено додаваме од белките кон смесата од жолчи и со кружни движења ја соединуваме смесата.
7. Целата смеса ја истураме во тавче кое сме го намрсиле и набрашниле или на хартија за печење.
8. Печеме во загреана рена на 180 степени со вентилатор, ако е без вентилатор на 200 степени.
9. Изладеното тесто го сечеме на два дела во ширина па секој на два дела по должина, така ќе излезат 4 слоја бисквитно тесто.

Подготовка на прв дел од фил
1. Во половина од млекото ставаме пудинзи, брашно и жолчки и соединуваме.
2. Смесата ја истураме во половината од млекото кое почнало да врие, како кога правиме пудинг.
3. Мешаме додека да ни се згусне, најдобро со миксер, бидејќи е густа смесата и да не ни се направат грутчиња. Оставаме добро да се излади.

Подготовка на втор дел од филот
1. Путерот оставен на собна температура го матиме пенасто со шеќерот во прав, па му додаваме ванила екстракт.
2. Ги соединуваме двата дела од филот.

Филување на тортата
Бисквит, тенок слој на џем, фил, бисквит, џем, фил, бисквит, џем, фил, бисквит и завршуваме со фил.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани