Погачава е хит во последно време па решив да ја направам и јас. Превкусна, крцкава од горе а кремаста, мека и сочна внатре. Пробајте и ќе се уверите.
Прво во сад се ставаат млекото (собна температура), ванилиниот шеќер, шеќерот, квасецот и со жица се промешуваат. Се додава јајцето и исто се меша со жица. Се додава брашното се меша, па се додава путерот(собна температура) и се меси мазно тесто.
Се покрива садот со стереч фолија и се остава да одмори половина час.
Потоа тестото се премесува и се остава да надојде околу 90 минути.
Надојденото тесто на набрашнета површина се дели на два дела и се сучат две кори. Корите се мачкаат со кремот и се виткаат во ролати. Свитканите ролати ги сечеме на средина по должина,така што ќе добиеме 4 ролати.
На хартијата на која што ќе печеме од ролатите плетеме венец. Ставаме во плех и бабката ја печеме во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.Тоа што изгледа дека е препечена е од чоколадниот крем.
Додека се пече го подготвуваме сирупот. Состојките се зовриваат и варат околу една минута. Се остава да олади.
Печената бабка додека е топла ја премачкуваме со четка со сирупот и на решетка оставаме да се лади.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови