Бабка е еврејски, благ плетен леб. Јас имам пробано неколку верзии (цимет и шеќер, мармалад, нутела, крем од фстаци) и можам да кажам дека најмногу ми допаѓа оваа верзија со нутела.

Подготовка

1. Квасецот и шеќерот ги истураме во млекото и ги оставаме на страна. Брашното и солта ги мешаме убаво.
2. Кога ќе надојде квасецот, го истураме во брашното, го додаваме јајцето и омекнатиот путер и мешаме додека добиеме меко тесто. Месиме кратко на набрашнета површина, формираме мазна топка и го оставиме во покриен сад да нарасне од 45 минути до еден час.
3. Потоа месиме кратко и расукуваме кора во правоаголна форма. Премачкуваме со нутелата (за полесно мачкање нутелата може да се стави во микро 30 секунди).
4. Ја виткаме кората во ролат (виткаме од подолгата страна). Овде е добро да го ставиме ролатот во фрижидер 15 минути за кога ќе сечеме да не се растекува кремот, но не мора.
5. Потоа, ролатот се сече на половина по должина и двете страни се преплетуваат. Се префрла во садот во кој ќе печеме и се остава уште еднаш да нарасне 30-45 минути. Се пече на 180 степени, 25-35 мунути зависно од рерната. Веднаш штом ќе се извади од рерна може да се премачка со шербет (40мл вода да зоврие со 60г шеќер).

Јас наместо тоа, го оставив да се олади и го наросив со шеќер во прав. Правев пола доза, затоа ми излезе помала бабка.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови