Бабка е празничен Еврејски колач кој јас најчесто го правам полнет со чоколадо и кога не е посебен празник...
Во еден средно голем сад ставете го млекото, додајте го шеќерот и сувиот квасец, измешајте и оставете да се запени. Додајте ги јајцето и жолчката и измешајте со жица да се соедини.
Во садот на стоечки миксер ставете го брашното и солта, додајте ја смесата со јајца, па мешајте го тестото додека добро се соедини. Додека миксерот работи, во мали порции додавајте го мекиот путер додека сосема не се соедини со тестото и продолжете да мешате десетина минути додека не добиете мазно, сјајно, малку лепливо тесто.
Оставете го покриено да нарасне додека не се удвои, некаде околу 1 - 1 1/5 час.

За филот во мал сад помешајте ги сувите состојки, па додајте ги коцките путер и втријте ги со прсти додека не се соедини смесата.
Стасаното тесто малку премесете го. На лесно набрашнета површина расучете го во квадрат со страна 45 цм. Од филот одвојте 1/2 шоља, а остатокот распоредете го врз тестото, оставајки на едниот крај 2 - 3 цм празен простор. Завиткајте ролат, залепете ги краевите, свиткајте го како латинска буква у и усукајте ги страните една со друга.
Во долгнавест калап за печење со димензии 25 на 13 цм ставете хартија за печење, малку издигната од рабовите на калапот. Ставете ја плетенката во калапот.
Разматете ги состојките за премачкување и добро намачкајте ја горната површина.
Сувите состојки за посипување измешајте ги во мал сад, втријте го путерот, додајте ја зачуваната 1/2 шоља од филот и измешајте. Посипете врз плетенката.
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
Нека плетенката стасува, покриена со проѕирна фолија додека не нарасне за половина, некаде околу 20 - 30 мин.
Печете 45 - 50 мин., намалете ја температурата на 160 Ц и печете уште 10 - 15 минути да добие убава златна боја. Проверете со дрвено стапче, сите рерни не печат исто, на него ќе остане растопено чоколадо, но тесто не треба да се задржи.
Изладете го во калапот на жица.
Може да стои во добро затворена кутија до 3 дена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани