“Бабка” -Полска Велигденска торта
Бабка традиционално се прави во Полска за Велигден.. Парче од оваа торта се става во корпа која се носи во црква за благослов, што значи дека е важен дел од овој празник и традиција.
1. Лимонот и портокалот ги цедиме. Ги делиме белките од жолчките.
2. Во мал длабок сад ги ставаме сувиот квасец и млекото, промешуваме.
3. Жолчките ги ставаме во длабок сад и ги матиме со миксер заедно со шеќерот.
4. Во друг сад го ставаме путерот, го матиме со миксер. Во него го додаваме сокот од портокал и лимон.
5. Во изматените жолчки го додаваме путерот и матиме со миксер. Во смесата го додаваме брашното, мешаме со лажица. Го додаваме и квасецот, промешуваме.
6. Белките ги матиме со миксер во цврст снег. Ги додаваме во претходно припременета смеса, нежно мешаме со лажица.
7. Калапот за куглоф го премачкуваме со путер, го обложуваме и со презла за полесно да ни излезе колачот откако ќе се испече.
8. Смесата ја ставаме во калапот, оставаме неколку лажици од смесата, во нив го додаваме какаото, промешуваме. Кафеавата смеса ја ставаме на неколку места во белата смеса и нежно промешуваме. Печeме во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
9. Го вадиме колачот , оставаме да се излади.
10. Млечното чоколадо го топиме на пареа заедно со маслото. Половина од колачот го преливаме со чоколадото. Врз него ставаме ореви. Шеќерот во прав го мешаме заедно со сокот од лимон. Со смесата ја прелеваме другата половина од колачот.
Лиценца: Сите права се задржани