Само ќе кажам...многу, многу вкусна!

1. Путерот и чоколадото искршено на коцки се топат на рингла.
2. Потоа се додава кондензираното млеко, се трга од рингла и се меша да се изедначи. На крај се додаваат оревите.
3. Се дели на 3 дела и се филуваат обландите, сите освен последната.

Се става нешто тешко врз филуваната обланда и се остава да се стегне неколку часа или преку ноќ.
Може одозгора да ја премачкате со стопени чоколадо или нешто по желба или пак да ја оставите така. На крај се сече на посакуваните форми и се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови