Испечати

Чоколадна обланда со кондензирано млеко и ореви

Чоколадна обланда со кондензирано млеко и ореви

Состојки

  • 1 пакетче обланди
  • 250 гр чоколадо
  • 250 гр путер (или маргарин)
  • 2 конзерви засладено кондензирано млеко
  • 300 гр мелени ореви

Подготовка

Само ќе кажам...многу, многу вкусна!

1. Путерот и чоколадото искршено на коцки се топат на рингла.
2. Потоа се додава кондензираното млеко, се трга од рингла и се меша да се изедначи. На крај се додаваат оревите.
3. Се дели на 3 дела и се филуваат обландите, сите освен последната.

Се става нешто тешко врз филуваната обланда и се остава да се стегне неколку часа или преку ноќ.
Може одозгора да ја премачкате со стопени чоколадо или нешто по желба или пак да ја оставите така. На крај се сече на посакуваните форми и се сервира.