Бела обланда со кондензирано млеко и лешници
Поведена од сличната обланда со темно чоколадо и ореви произлезе и оваа нејзина спротивна по боја и јатки. Како би го пробала изворниот рецепт, а би си ја задоволила радозналоста и со овој кој веднаш светна како идеја, јас обландите ги пресеков на половина и работев на секоја половина по половина доза од состојките. Излегоа две сродни врсти на обланди, но сепак различни по боја и вкус од јатките (дополнителна слика).
1. Путерот заедно со белото чоколадо се топи, се трга од рингла и се додава кондензираното млеко и се меша до изедначување на смесата. Се додаваат мелените лешници, се меша и се филува секој лист освен последниот.
2. Врз филуваната обланда се става нешто тешко и се остава да се залепи и стегне.
3. Потоа по желба може да ја прелиете со стопено бело чоколадо и да ја украсите со шарени трошки или едноставно да ја оставите така.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови