Подготовка:

1. Во млекото со шеќерот се варат пудинзите. Штом е сварен пудингот, се трга од рингла и му се додава чоколадото, искршено на коцки и се меша да се соедини. Потоа се додава и нугат кремот исто така.
Кога ќе излади, во него се миксира и путерот претходно измиксиран со шеќерот во прав.

2. Скоро половина од филот се премачкува на едната кора. Врз неа се редат пишкотите, натопени во кафето, па останатиот фил од кој ќе оставите малку за премачкување врз вторта кора.

3. Убаво е тортата да ја филувате со обрач, доколку имате со таа димензија (26), па да отстои во фрижидер, убаво да се стврден, пред да се украсува. Овде украсувањето е со чоколадо со вкус на јагоди и црно чоколадо, и харибо бомбони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани