Брза пудинг торта со готови кори
Доколку сакате брза, вкусна и лесна торта тогаш ова е совршен рецепт за вас.
Рецептот морам да кажам е правен според тоа што јадеме дома, односно она што моето синче јаде, еххе. А тоа е пудинг, чоколада и преубавите готови кори за торта од Винчини.
1. Најпрво го правиме филот од пудингот од ванила. Во тенџере на оган го ставаме млекото, шеќерот, и оставаме да почне да врие, а во меѓувреме го друг сад ставаме малку од млекото, и трите пудинзи, и откако ќе ги измешаме ги додаваме во зовриеното млеко, и го правиме пудингот. Додека е сеуште топол го додаваме двете бели чоколади и маргаринот и го оставаме да се олади убаво.
2. Во друг помал сад ги ставаме црните чоколади, маслото и млекото и го топиме чоколадото. Штом двата фила се готови и оладени почнуваме со филовање. Редиме ред кора, ја мачкаме со црниот фил или прелив од црната чоколада, па ставаме од белиот фил, па повторно кора па повторно од филовите и се така додека не го потрошиме и филот и корите.
3. Најгоре на последната кора премачкуваме со остатокот од филот од ванила пудинг, преливаме со топено чоколадо и од горе рендаме бела чоколада. Откако ќе се стегне малку ја сечкаме на коцки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови