Велигденска торта со готови Винчини кори (без печење)
Фил-
1. Во тенџере се става шеќерот да се карамелизира.Кога ќе добие убава медова боја(се топи на тивко) се додава 600 мл млеко и се остава да вари додека да се растопи карамелот.
2. На страна во длабок сад се става преостанатото млеко и пудингот и се меша да нема грутчиња. Се додава во зовриеното карамелно млеко и се вари пудингот. Се трга анстрана се става прозирна фолија и се остава да олади.
3. Кога ќе олади филот се миксира со миксер. На страна се миксира маргаринот со шеќерот во прав. Се додава во маргаринот дел од филот и се мати да се изедначи смесата. Во филот се додаваат мелените ореви.
4. На страна се топи чоколадата на пареа со маслото. Се прават фигури за декорација. Дел од чоколадата се премачкува врз корите од Винчини.
Значи сите три кори се премачкуваат со растопена чоколада. Кога ќе се олади чоколадата се става по 6 лажици фил и се редат една врз друга корите. Најгоре се премачкува со фил и обилно се поросува со мелени ореви.Се декорира по желба.Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани