Чоколадна кафе торта со готови кори
Состојки
- 1 пакетче мали кори за торта (со две кори)
- 1 пакетче пишкоти
- 1 чаша јако кафе
- За фил
- 750 мл млеко
- 3 ќесички прашок за пудинг со вкус на чоколадо
- 6 лажици шеќер
- 250 гр чоколадо
- 4 лажици нугат крем
- 200 гр маргарин + 1 лажица шеќер во прав
- Глазура
- 200 гр чоко табла со вкус на јагоди + 4 лажици слатка павлака
- 100 гр црно чоколадо + 1 лажица слатка павлака
Подготовка
Подготовка:
1. Во млекото со шеќерот се варат пудинзите. Штом е сварен пудингот, се трга од рингла и му се додава чоколадото, искршено на коцки и се меша да се соедини. Потоа се додава и нугат кремот исто така.
Кога ќе излади, во него се миксира и путерот претходно измиксиран со шеќерот во прав.
2. Скоро половина од филот се премачкува на едната кора. Врз неа се редат пишкотите, натопени во кафето, па останатиот фил од кој ќе оставите малку за премачкување врз вторта кора.
3. Убаво е тортата да ја филувате со обрач, доколку имате со таа димензија (26), па да отстои во фрижидер, убаво да се стврден, пред да се украсува. Овде украсувањето е со чоколадо со вкус на јагоди и црно чоколадо, и харибо бомбони.