Чоколаден тарт со вишни
Подготовка на тестото
Просејте го брашното и измешајте го со путерот. Потоа додадете го шеќерот, јајцето, солта и киселата павлака. Замесете тесто кое ќе биде меко и нема да се лепи. Завиткајте го во пластична фолија и ставете го околу пола до еден час во фрижидер.
Потоа расукајте го на набрашнета подлога и префрлете го на намастено и набрашнето тавче со дијаметар 26. Печете го во загреана рерна на 180 степени 10 - 15 минути.
Подготовка на кремот од вишни
Вишните исчистете ги од семките и преполовете ги. Ставете ги во тенџерче со шеќерот и водата и варете ги додека не омекнат. Густинот измешајте го со уште малку вода, додате го кај вишните и сварете крем.
Подготовка на чоколадниот крем
На пареа варете ги путерот, чоколадото и какаото со малку сол. Треба да добиете еднолична смеса.
Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот и медот или јаворовиот сируп.
Кога е готова чоколадната смеса, тргнете ја од огнот и во неа изматете ги јајцата.
Крајна подготовка
На полупеченото тесто ставете го кремот од вишни, а над него чоколадниот крем.
Печете на 180 степени 35 минути.
Кога е печен тартот оставете го да се олади, па сечете парчиња и послужете го.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Инаку, оригиналниот тарт е само чоколаден. Вишните се гратис ;)
ubavo,vkusno