Чоколаден бисквит колач
Во длабок сад го ставаме брашното, какаото и солта промешуваме го додаваме маргаринот кој треба да биде на собна температура и омекнат. Ја месиме смесата маргаринот убаво да се соедини со брашното и какаото. Потоа го додаваме шеќерот, повторно ја умесуваме смесата, ја додаваме жолтката и павлаката. Го месиме тестото кое треба убаво да се обликува. Ако е многу меко се додава уште малку брашно.
Од ова смеса се прават топчиња кои се валкат во шеќер, се редат во плех обложен со хартија, малку се натискат и со дршка од дрвена лажица или со прстот и се прави длабнатина на средина која е до долу на топчето. Се пече на 170 15 мин не повеќе. Извадете ги од релна повторно претиснете ги со дршката од дрвена лажица на средината, бидејки при печење можат да ја изгубат формата, вратете во релна уште 5 мин.
Извадете ги од рерната уште меки, отстранете од хартија за печење. Пред служење или кога ќе оладат, наполнете ги со чоколада, мармалад или некој ваш омилен крем. Јас ги наполнив по 4 лаж бел крем и 50 гр маргарин растопени на пареа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови