Денес ќе готвиме заедно со Светулка, готвач член на нашата веб-страница. Светулка ќе подготви еден од нејзините рецепти, Торта со бисквит кори и чоколаден фил.

Торта со бисквит кори и чоколаден крем фил со ореви. И сето тоа, помножено со 9. Но, не треба да множите, туку да ја направите и пробате!

Подготовка

Чекор 1: Путерот омекнат на собна температура убаво матете го заедно со шеќерот, додека не добиете пенеста смеса. Постепено додавајте го млекото додека не се соединат.

Додадете ја кората од лимон и брашното помешано со содата. Месете додека да добиете убаво мазно тесто.

Чекор 2: Земете парчиња од тестото и со сукало развлечете што е можно потенка кора. Со помош на Делимано Фантазија округлата тава формирајте ја кората. Треба да добиете 9 кори. Избоцкајте ги со вилушка и печете на плитка тава во загреана рерна на 180С. Кога ќе ги ставите корите да се печат намалете на 160С. Во зависност од рерната печете 5-7минути додека малку да заруменат.

Чекор 3: За подготовка на кремот, ставете го шеќерот постепено да се топи за да се добие карамел. Не мешајте.

Во дел од млекото растворете го брашното. Кога шеќерот ќе стане карамел, додадете постепено дел од млекото без брашно и оставете да врие на тивко додека се растопи карамелот. Потоа додадете го и млекото со брашното повторно да зоврие и да почне да згуснува, додека да стане густ крем.

Чекор 4: Намалете ја температурата на најтивко и ставете го чоколадото на парчиња да се растопи. Додадете го и путерот и тој да се растопи. Тргнете ја смесата од оган и измешајте ги оревите.

Чекор 5: Корите филувајте ги веднаш со топол крем. Целата торта премачкајте ја и од страните, па декорирајте по желба со ореви. Оставете да се излади и да се спои, па сервирајте.

СОВЕТ: Оваа торта можеби ќе ви одземе повеќе време за подготовка, но ќе ве награди со прекрасен вкус. А замислете го изразот на гостите кога ќе ги послужите со едно вакво парче!